| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе го пропушти ли Салах СП?!

Повредата на Мохамед Салах на синоќешното финале во Лигата на шампионите заплаши многумина навивачи на Египет, но и неутрални љубители на фудбалот.

Се стравува дека „фараонот“ ќе мора да го пропушти
Мундијалот во Русија по фантастичната сезона во Ливерпул, но најновите информации јавуваат дека постои голема шанса Салах да се најде на списокот патници за Русија.

Според информациите на познатиот египетски новинар Марван Ахмед, тамошното министерство за млади и спорт потврдило дека на Салах ќе му бидат потребни две недели за да ја санира повредата на рамото и дека потоа од Англија ќе се врати во кампот на египетската репрезентација во Италија.

Министерството исто така наведе дека фудбалерот на Ливерпул сигурно ќе се најде на конечниот список патници, кој Аргентинецот Ектор Купер ќе го објави на 4 јуни.

Дали е ова само смирување на страстите или некој од египетската влада знае повеќе од Јирген Клоп, останува да видиме…

Извор: Спорт1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top