| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската банкарска асоцијација е домаќин на 46 состанок на членките на ЕБФ

Македонската банкарска асоцијација ќе биде домаќин на 46. состанок на асоцијативните членки на Европската банкарска федерација (ЕБФ).

На состанокот, покрај претставниците на асоцијативните членки, ќе присуствуваат и господинот Вим Мијс, главен извршен директор на Европската банкарска федерација и господинот Џовани Сабатини, претседавач на асоцијативните членки  и член на Извршниот одбор на ЕБФ.

Состанок на асоцијативните членки на Европската банкарска федерација (ЕБФ) ќе се одржи на 28 мај 2018 година (понеделник), во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат.

Свое обраќање ќе има и Коста Митровски, претседател на Македонската банкарска асоцијација.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top