Секој човек е уникатен спој од карактеристики и тоа нè прави различни од другите и често ваквите разлики на никого не му пречат. Но, постојат и такви наши однесувања кои се дел од нашата личност, а кои можат да ги изнервираат другите околу нас, па затоа треба да бидеме внимателни со нив. Потребно е да разбереме кои се нашите слабости за да можеме полесно да ги надминеме и да не ни пречат во секојдневната комуникација.
Овен: Компетитивен и импулсивен
Компетитивноста често им помага на Овните да го добијат од животот она што им следува, но и нешто повеќе. Но, доколку не сте внимателни со оваа особина, може да бидете проценети како драматична личност која не се грижи за чувствата на другите. Важно е да останете дел од тимот каде што сте, бидејќи токму соработката е таа што е битна, а можете да се обидете да се натпреварувате со самите себе. Импулсивноста, пак, кај вас иницира појава на желба за инстантен успех, но пред да преземете чекор, намалете брзина и запрашајте се самите што навистина сакате од таа ситуација.
Бик: Немотивиран и понизен кон себе
Биковите често се немотивирани и понизни кон себе, особено ако не внимаваат на својот однос кон самите себе. Вие сакате удобност, а таа желба често преминува во тврдоглавост. Но, доколку решите, лесно можете да ги надминете овие предизвици во вашиот карактер. Вам би ви требало да се споредите со некого и да се обидете да бидете успешни како таа личност, за да се мотивирате да ја најдете енергијата во себе. Понизноста пак, може да дојде од нарушениот баланс меѓу она што го сакате вие и она што го сакаат другите. Поделете ги нештата на начин што со едно направено нешто за некој друг, ќе направите и нешто добро за себе. На овој начин ќе успеете да воспоставите ред кај себе.
Близнаци: Површни и неодлучни
На Близнаците им е лесно да се изгубат во своите мисли и на тој начин да не ги забележуваат чувствата на другите. Затоа, лесно може да бидат во фаза на површност и неодлучност, особено ако се работи во креирањето мислење за други луѓе. Доколку сте Близнаци со ваков проблем, можеби треба да си дадете време да ја запознаете личноста, но и да ја канализирате целата моќ која ја носи вашиот знак и да дознаете повеќе за сите луѓе кои ве опкружуваат. Ќе видите дека никој не е површен и дека останатите носат со себе многу квалитети.
Рак: Несигурен и недиректен
На Ракот му е најважно да се чувствува безбедно, а несигурноста лесно може да го наруши неговото добро расположение. Затоа, потребно е Ракот да се концентрира на нешто во што е навистина добар. Дури и во нови ситуации секогаш може да се пронајде нешто што нема да ги плаши. Ракови, вие треба да поработите и на директноста во комуникацијата. Често знаете што треба да кажете, но не сте сигурни дали треба да постапите така. Почнете со мали дози на директност, пред да ја преземете контролата врз оваа особина. Ќе забележите дека дури и реакциите и одговорите на другите ќе бидат позадоволителни доколку вие сте подиректни.
Лав: Арогантни и строги кон себе
Лавовите обожаваат да бидат ѕвездите на шоуто, но токму оваа особина прави лесно да развијат ароганција, која не е добра кога се во прашање односите со луѓето. Често оддаваат впечаток дека се престроги кон себе, но затоа што се комплициран знак, успеваат во исто време да бидат и неразумно егоистични. За да ги надминете овие две карактеристики, потребно е да си дадете пауза. Набљудувајте и забележете како другите му пристапуваат на животот, обидувајќи се да го извлечат најдоброто од него. На овој начин, ќе развиете благодарност и поголема доза разбирање за другите, но и за себе.
Девица: Критикува и се жали
Перфекционистичката природа на Девицата може да биде сфатена сосема погрешно од другите, но и да ги вознемири. Тие се критички настроени и имаат остро око за забележување ситници. За да се надминат овие ситуации, потребно е да се препознае убавината на светот, без оние детали кои му пречат на извежбаното око на Девицата. Во врска со жалењето, откако ќе ја кажете реченицата со која пренесувате дека сè е негативно, наместо точка, ставете запирка и продолжете со претпоставка што добро може да излезе од таквата ситуација. Вашиот ум веднаш ќе ги перципира нештата на подобриот начин.
Вага: Зависни од врски и невнимателни кон себе
Вагите имаат навика да се потпираат на другите кога е во прашање сопствената среќа и тоа во нездрави размери. Поради ова, често на другата личност гледаат како на некоја од која зависи нивната среќа и задоволството во животот. Вагите се премногу посветени на врските со луѓето до степен што се идентификуваат со тој однос, а не со самите себе. Поради тоа, поминувајте што повеќе време со себе, дознајте што сакате, што ви се допаѓа и кои се вашите силни страни. Само на тој начин ќе можете полесно да се снајдете во животот, но и да не зависите од пријателот или партнерот за да бидете среќни.
Скорпија: Интензивни и таинствени
Интензивноста е она што ги прави Скорпиите интересни пред другите, но секако, не смее да се претерува, за да не бидат сфатени погрешно. Понекогаш, потребно е кон нештата да се пристапи мирно и едноставно, за да може да се најде полесното решение. Затоа, кога следниот пат ќе почувствувате некоја параноја или друг наплив на чувства, прво дишете, концентрирајте се на себе, а потоа надминете го проблемот. Не плашете се дека ќе изгубите некого или дека нема да бидете прифатени. Потребно е да бидете поотворени, особено кон оние кои ги чувствувате како блиски.
Стрелец: Безгрижен и оддалечен
Според Стрелците, животот може да биде преполн со многу забава, а најлошо што можат самите да си го направат е да бидат безгрижни во секој поглед. На овој начин Стрелецот може да ги доведе во прашање врските со блиските, на кои им недостига неговото внимание. Затоа, доколку сте Стрелец кој се препозна во описот, осигурете се дека веќе нема да повредите ниту една личност и дека секогаш ќе најдете време да прашате како се или да им обрнете повеќе внимание.
Јарец: Непогрешливи и премногу тврдоглави
Кога е одговорноста на прашање, секогаш можете да сметате на вашиот пријател Јарец, кој умее сè да држи под контрола. Но, доколку Јарецот почне да се фали со овие свои карактеристики уште кога се запознавате, тогаш оддава впечаток на личност која за себе смета дека никогаш не греши. Јарците навистина мислат дека нивниот начин е правилниот и многу често, но не секогаш, се во право за тоа. Затоа, како горд претставник на знакот Јарец, потребно е да „играте” со ресурсите со кои навистина располагате и да не загризувате преголеми залаци. Исто така, имајте ги на ум и перцепциите на другите. Пред да направите нешто, запрашајте се дали сакате да излезете во право или да бидете среќни. Ако одбравте да бидете среќни, веќе сте на пат да ги научите вистинските вредности.
Водолија: Независни и претерано логични
Со оглед на тоа што, општо земено, Водолиите се срамежлив знак, нивната независност воспоставува баланс во целокупната личност. Тие се и логичарите 5/27/2018 Ова се чудните и вознемирувачки особини на хороскопските знаци во Зодијакот, бидејќи за сè бараат логични објаснувања и се обидуваат да ги решат проблемите, по цена и да се „откачат” од сопствените чувства. Затоа, потребно е Водолијата да најде начин да ги разбере другите, иако во прв момент може да се соочи со огромен емотивен хаос. Тие никогаш нема да разберат зошто нечии акции се нелогични, но ако доволно се потрудат, ќе успеат и во себе да го најдат гласот на сопственото срце.
Риби: Претерано сензитивни и постојано во заблуда
Рибите се сонувачи и луѓе кои често се со главата во облаци, но ако не внимаваат, може да се доведат во големи заблуди, но и да станат пречувствителни. Потребно е да воспостават и поздрава комуникација и да не носат избрзани заклучоци. Наместо да заклучувате, прашајте доколку нешто ви е нејасно. Така ќе научите дека најголемите стравови се само илузија. Обидете се да ја приземјите својата енергија за да избегнете преемотивни ситуации и да ја подобрите комуникацијата. Со тоа што станувате одличен соговорник, вие наместо во облаци, се враќате на земјата и се поврзувате со реалноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.