Лидерите на Северна и Јужна Кореја се состанаа во саботата во демилитаризираната зона меѓу двете земји, пренесоа агенциите.
Ова е втора средба меѓу јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за еден месец.
Мун и Ким два часа зборувале на северната страна на селото на мирот Панмунџом, соопшти канцеларијата на Мун.
Резултатите од разговорите Мун ќе ги објави денеска, се додава во соопштението.
Средбата се случи во време кога двете страни се трудат историскиот самит САД – Северна Кореја сепак да се одржи.
Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот го откажа самитот, закажан за 12 јуни, но подоцна навести дека тој сепак може да се одржи.
Ако дојде до средбата, Трамп и Ким ќе разговараат за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров и намалување на тензиите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст