| четврток, 6 декември 2018 |

Гонзалез: Горд сум на моите играчи, секогаш ќе останат во моето срце

До разделбата меѓу Раул Гонзалез и Вардар останува уште еден ден. Дека на предводникот на „црвено-црните“ тешко му падна поразот не можеше да скрие на прес-конференцијата по завршување на мечот.

Вардар не успеа да го направи чудото кое го чека цела Европа. Македонскиот шампион во полуфиналето беше совладан од најголемото изненадување Монпелје со 28-27. Францускиот тим до финалето стигна речиси на индентичен начин како и „црвено-црните“ минатата сезона, драмата во последните секунди им припадна токму на нив.

Раул Гонзалез, нормално како и секој тренер беше разочаран, но истовремено одржа проштален говор.

„Честитки за Монпелје, направија добра работа. Одиграа перфектен и фантастичен ракомет. Цел меч ние правевме грешки. А, кога грешиш во нападот, ја плаќаш сметката. Во второто полувреме бевме подобри, имавме шанса да победиме, но Монпелје едноставно беше подобар од нас. Честитки за играчите, горд сум на нив. Четири години минавме заедно, немам лоши зборови. Секогаш ќе се во моето срце“, изјави Гонзалез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top