| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометарите дојдоа да ги поздрават Комитите (Видео)

Ракометарите на Вардар откако го загубија полуфиналето со Монпелје (27-26) повторно се појавија во „Ланксенс Арената“ за да им отпоздрават на своите верни навивачи, Комитите, а тие пак и половина час откако загуби нивниот миленик не престанаа со песна во Арената во келн.

Вардарци го загубија мечот во самиот финиш од второто полуфинале и не успеаа да го продолжат сонот за одбрана на трофејот освоен лани на истото место, па колку и да е болен поразот, навивчите со песна уште еднаш покажаа колку го сакаат Вардар и колку се „болни“ по црвено-црните бои.

sport1.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top