Македонија засилено влегува во една за жал веќе подзаборавена, но еве сега рециклирана нон-пејпер фаза од својот “развој”.
Се добива впечаток дека ни се случува рекапитулација на старата лекција од животот која мислевме дека никогаш повеќе нема да се повтори, од времето на конфликтот кога разни нон-пејпери циркулираа во јавноста.
Од друга страна, политички и економски боксови-крошиња и доаѓаат од сите страни на Владата, но таа упорно глуми дека е среќна и насмеана со своите “достигнувања” постојано повторувајќи ја добро познатата строфа “на Македонија подобро никогаш не и било” секако зборувајќи секогаш во трето лице еднина.
Еве институциите ги опраивме, тоа што во нон-пејперот е констатирано дека се препартизирани и заробени, тоа да ни било наша халуцинација, секако според мислењето на нашиве. Побрзаа да објаснат дека такво чувство постоело само пред Самитот посветен на Западен Балкан, ама после Самитот и инпутот на шармот на нашиве демек веднаш сликата била променета?!”.
Сликата да ни била сменета и во однос на катастрофалните параметри во економијата па еве Тевдовски не просветли бргу-побргу дека сме имале најдобра економска програма за реформи од сите држави на Западен Балкан. Тоа отприлика значи дека имаме хартиена економија, односно замислени економски реформи кои во пракса не значат ништо. Ниту носат профит, ниту креираат нови вредности. Обични идеи на хартија кои не е тешко да бидат напишани ама е ѓаволски тешко да бидат спроведени во пракса. Туку, да се вратам на нон-пејперот и на соопштението што Владата побрза да го лиферува денес.
Во случајов Владата изреагира како мртов коњ кој сака да оживее ама не може поради природните законитости на смртта, или подобра споредба би била како кога проститутка после излегување од јавна куќа, без никој да ја праша бидејќи е очигледно што е, им вели на сите “простете, но јас сум невина!”, односно си ја ишка мувата од пердувот!
Тврдењето на Владата дека мнозинството од државите-членки на ЕУ поддржувале почеток на преговори со Македонија е уште еден тежок блеф од пропагандната кујна на Роберт кој блеф има за цел колку што е можно повеќе да го замаскира примениот тежок нокдаун на неговите претпоставени.
И наместо како што е редот во вакви катастрофални ситуации да се скријат и да молчат, тие решија уште повеќе да галамат!
Па Роберте и другите околу него, ако мнозинството држави се “за” почеток на преговорите тогаш зошто до сега не ги почнавте?
Ако се е така едноставно како што сакате да прикажете каде ви се резултатите.
Туку, од вашите неисцрпни и немерливи лаги им се темни на луѓето, знаете?
И птиците знаат дека за почеток на преговори како и за прием во членство потребно е СИТЕ ДРЖАВИ ДА СЕ СОГЛАСНИ СО ТОА, НЕ САМО МНОЗИНСТВОТО! А кога сме кај мнозинството навистина не знам што броите во тоа мнозинство кога веќе 6 држави отворено и официјално се спротивставија на овој чекор, а уште најмалку 10-на држави не го кажуваат тоа отворено ама прават се почетокот да не се случи!
Нон-пејперот ви го испратија за да ве симнат од облаците, да излезете од едногодишниот филм дека сте големи реформски ѕвезди и да почнете веќе еднаш со конкретна работа. Тоа е главната порака ако не знаевте да ја прочитате.
Нон-пејперот можеби е испратен од неколку држави, како што велите, но во ЕУ како што и сами знаете ништо не е случајно и некоординирано.
Се е во дослух и во соработка со останатите!
Поради тежината на проблемите што се лоцирани во извештајот нема држава од ЕУ која не би застанала во негова одбрана. Затоа што е јасно дека на ЕУ не и се потребни нови корумпирани држави со криминална власт во своето семејство, многу пати до сега се изгореа нема да горат пак, не и требаат нови пациенти кои не знаат што значи да ВЛАДЕЕ ПРАВОТО, а не локалните пајташи, на ЕУ и е преку глава од пазарџиските финти што Заев мисли дека ги патентирал во Муртино и дека има екслузива над нив.
ЕУ такви финти и фолирања како овие на Заев има видено на тони, така што не проаѓате со тие карти.
Вашите пропагандисти велат дека ладен туш ви стигнал за почеток на преговорите за влез во ЕУ, јас ќе ги корегирам и ќе кажам ова не е ладен туш, ова е санта мраз фрлен врз сите членови на Владата за подобро и итно освестување дека ништо во државата не оди и не функционира како што треба. Бидејќи ако бриселските владини миленичиња добија вакви тешки критики можеме само да замислиме какви би биле вистинските зборови за состојбите во државата. Ако фактите и сега звучат претешко кога се кажани со дипломатски речник, тоа значи дека вистинската реалност е ептен катастрофална.
Ако најавената рампа за почеток на преговорите е поради негативните забелешки потврдени од неколку држави, тоа во превод значи дека СИТЕ ДРЖАВИ во Унијата мислат исто, но критиките се со многу поголема тежина од она што е напишано. Ако велат дека нема никаков напредок во имплементацијата на Итните реформски приоритети, тоа во превод значи дека ништо не е помрднато.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст