Илина Арсова, уметник, спортист, туристички работник и поборник за здрава животна средина на својот Фејсбук профил напиша статус со кој праќа порака до власта да не си игра со емоциите, историјата и судбината на Македонија. Илина им порачува дека е доста. Наместо измислени механизми за трошење пари и прикривање на трагите, Арсова вели дека е време да се превземат сериозни мерки во однос на екологијата, едуцирање на оштетените нови генерации, редуцирање на отпадот и воведување нови форми на рециклирање бидејќи како и да ја наречете земјава, без разлика, во брзо време ќе бидете затрупани во сопствениот измет.
Да се биде лидер на една држава не е привилегија пишува Илина, туку обврска! Илина Арсова е првата Македонка која се искачи на Монт Еверест и го веече македонското знаме.
Во прилог целиот Фејсбук статус на Арсова:
Ало Македонијо дали се слушаме?
Вложив многу време и енергија промовирајќи ја нашата чудесна земја во светот како уметник, спортист, туристички работник и поборник за здрава животна средина и искрено се надевам дека повторно ќе се претставам со ова знаме и име.
Во моето постоење од 35 години, паметам за една земја што се викаше Југославија, и за нашево парче под името С.Р. Македонија. Истата понатаму ја промовиравме во светот како Република Македонија, додека некои милуваа да ја викаат ФИРОМ. Низ бројните патувања нашиов пасош секогаш предизвикуваше збунка и опашка од луѓе зад мене, додека службениците се обидуваа да ја пронајдат. Освен под “М”, “Р” и “Ф” ја наоѓавме во разни делови од алфабетскиот ред и тоа под: “T” – “Тhe Republic of Macedonia”, под “Е” – “Еx republique Jugoslave de Macedoine” или зависно од јазикот “Б”- Бивша Југослoвенска реп. etc…
Епа доста е!
Додека секоја политичка гарнитура без исклучок прави експеримент на државно ниво, профитирајќи на сметка на народот кој страда, општеството назадува. Од тоа време што го паметам како дете, земјите во светов направија чуда, а ние под изговор “транзиција” полека но сигурно одиме наназад.
Уште еднаш велам доста е! Наместо измислени механизми за трошење пари и прикривање на трагите, превземете сериозни мерки во однос на екологијата, едуцирање на оштетените нови генерации, редуцирање на отпадот и воведување нови форми на рециклирање бидејќи како и да ја наречете земјава, без разлика, во брзо време ќе бидете затрупани во сопствениот измет.
Да се биде лидер на една држава не е привилегија туку обврска!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст