| четврток, 6 декември 2018 |

Moќна порака од Германија: Името не го даваме и во Келн

На трибините во „Ланксес арена“ има голем број навивачи на Вардар, кои се дојдени и од цела Германија и од соседните земји. Има многу транспаренти со поддршка, но еден секако е во центарот на вниманието, а тој се однесува за актуелната ситуација во која се наоѓа Македонија на политички план, пишува порталот 24ракомет.

„Едно име, една нација. МАКЕДОНИЈА!“ Тоа е транспарентот со кој се дава до знаење дека Македонците се насекаде низ светот и се во одбрана на името.

Најдобрите амбасадори на Македонија секако ќе бидат и на теренот и од 18 часот ќе бидат во битка за нов пласман во финалето што ќе значи дека Македонија останува високо на ракометната карта на клупска Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top