| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто две бивши девојки биле на неговата венчавка – причината е потполно неверојатна!

Минатиот викенд го одбележа кралската венчавка на принцот Хари и Меган Маркл. И’ додека сите и понатаму говорат за младенците, нивната листа на гости секако привлекла доста внимание.

Имало холивудски ѕвезди како Џорџ Клуни кој дошол со сопругата Амал, Том Харди, Опра Винфри, тенисерката Серена Вилијамс, но и семејството на починатата принцеза Дијана – братот ерл Чарлс Спенсер, внукта Кики Спенсер и сестрта лејди Џејн Фелоуз која одржала емотивен говор во црквата.

Меѓутоа, две млади дами привлекле доста внимание.Станува збор за бившите девојки на принцот Хари, Челзи Дејви и Кресида Бонас.

И’, додека на Меган и било малку непријатно поради тоа, сигурно ниту на принцот Хари не му било сеедно што бил присутен и Патрик Џеј Адамс, колегата на Меган од серијата „Suits”, особено што војвотката снимила низа скокотливи сцени, токму со него.

Меѓутоа, колку и да се чини необично тоа што принцот Хари на својата венчавка повикал не една туку две бивши девојки, тоа и не треба да чуди со оглед на тоа дека со нив останал во добри односи. Освен тоа, тоа претставува и вид на љубезност која е присутна во кралското смеејство, бидејќи и’ принцот Вилијам и нивниот татко, принцот Чарлс, на своите веначвки ги поканиле бившите љубови. Како им било на невестите, поради тоа знаат само тие.

Иако, со оглед на тоа дека на годинешната кралска венчавка имало 600 поканети, можеби Кресида и Челзи ниту не стасале да им честитаат на младенците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top