| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка несреќа на Табановце, маж се бори за живот на КАРИЛ

На Граничниот премин Железничка станица Табановце инспекторот по животна средина Б.З.(43) од с.Слупчане, општина Липково, се здобил се тешки телесни повреди при струен удар.

Несреќата, како што информираат од полицијата се случила вчера околу 16 часот.

Б.З. вршел преглед на теретен воз кој сообраќа на релација Унгарија –Грција, кој бил во композиција од 15 вагони.

-Се качил на вагон-цистерна од која истекувало натриумхиперхлорид и во еден најверојатно ги допрел жиците со струја со висок напон, при што дошло до струен удар, а тој бил отфрлен од цистерната и паднал на земја. Б.З. се здобил со изгореници по целото тело и со екипа на Итна медицинска помош бил во Медицински центар Куманово, од каде бил препратен на КАРИЛ при комплексто клиники „Мајка тереза“ во Скопје, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од СВР Куманово и инспектор за заштита и здравје при работа.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top