| четврток, 6 декември 2018 |

Де Ниро му забрани на Трамп да јаде во неговите ресторани

Aктерот Роберт де Ниро е ко-сопственик на синџирот на ресторани Nobu. Tој не го поднесува Доналд Трамп, дури и пред тој да биде избран за претседател. Де Ниро постојано и јавно го критикува Трамп во секој можен случај.

Сега 74-годишниот актер категорично изјави дека за Трамп нема место во неговите ресторани и дека претседателот на САД ќе биде избркан, ако си дозволи да влезе и да побара маса.

Ако пак случајно се најдат заедно во некој друг ресторан, каде што веќе не може да ја спроведе својата волја, Де Ниро вели: „Веднаш ќе излезам. Не можам да бидам во иста соба со овој човек“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top