| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е Задушница, спомен за починатите – Скопје со измнет сообраќај

Денеска православните христијани одбележуваат Задушница, во чест на починатите. На овој ден верниците ги посетуваат гробиштата каде се молат за покој на душите на починатите и даваат милостина на сиромашните,

Од МВР информираа дека ќе биде воведен посебен сообраќаен режим за непречено одвивање на сообраќајот.

“По повод верскиот празник „Задушница“ во текот на утрешниот ден како и во деновите од викендот (25/26 и 27.05) во периодот од 06,00 до 16,00 часот на гробиштата во Бутел, во Камник и во Ѓорче Петров каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат превземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони. Притоа, МВР ги информира граѓаните дека сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно) односно сите возила ќе се упатуваат по улица „Александар Урдаревски” во продолжение по локален пат за село Мирковци до влезот за гробиштата на улица ”Боца Иванова” и излегување на улица „Александар Урдаревски”. По потреба сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров  по улица „Црногорска“, а на гробишта „Камник“ по улица „Јужноморавски Бригади“ и улица „Роман Каскалиевиќ“”, се вели во соопштението од МВР

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top