| четврток, 6 декември 2018 |

Чупиќ: Не мора јас да бидам стрелец на последниот гол, само ние да стигнеме пак до трофејот

Хрватското десно крило кое лани го славеше цела Македонија кога го погоди последниот шут против ПСЖ, Иван Чупиќ, и оваа сезона е дел од Вардар. Тој вели дека не мора да биде стрелец на решавачки гол годинава, но Вардар да стигне до трофејот.

„Немам ништо против да се повтори 2017 година. Нека не бидам стрелец јас на тој последен гол, но само ние да стигнеме повторно до трофејот. Да бидеме реални, знаеме дека секогаш е потешко да се одбрани нешто, отколку да се освои. Има време да размислуваме за финалето, најпрво треба да го минеме полуфиналниот напревар, сите се дојдени тука со свои цели. Ја анализиравме добро таа нивна игра, мислам дека во играта на шест на шест ќе бидеме поуспешни. Победата е наш императив и секако ќе дадеме максимум за да стигнеме до неа“, изјави Чупиќ.

Полуфиналето меѓу Вардар и Монпелје се игра денеска со почеток во 18.00 часот, додека од 15.15 е првиот полуфинален француски двобој меѓу Нант и ПСЖ во „Ланксес Арена“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top