| четврток, 6 декември 2018 |

ЕКСКЛУЗИВНО: Ова е новиот предлог за име на Република Македонија

Добри вести доаѓаат од САД: „Република ВИЦЕСТАН“ е најновиот предлог кој се нашол на масата меѓу преговарачите Никос Коѕијас и Никола Димитров кои под медијаторство на посредникот Метју Нимиц се сретнаа во Њујорк со цел да најдат ново креативно решение за промена на името на нашата држава.

После отфрлањето на „Илинденска Македонија“ од грчка страна и навидум пропаднатите преговори, нов блесок на креативност дошол од македонските преговарачи предлагајќи да го промениме името во Република Вицестан, ерга омнес. Според македонската страна, ова име го заштитува нашиот идентитет како граѓани на државата на Вице, народот станува Виц, а официјален јазик ќе биде јазикот на парите, како и струмичкиот.

Според правните експерти ова име суштински го брани и културниот идентитет на Вицевите Македонци, бидејќи ВИЦЕСТАН алудира на новиот бизнис-модел кој започнува да владее во Република Македонија, по трендот од Струмица во која секој кој ќе му подари зграда на Вице има право во неа да добие стан – принцип со кој Македонија станува се поблиска до земјите како Дагестан и Курдистан.

Единствен ризичен момент е дали грчката опозиција ќе го смета и овој предлог за иредентистички, имајќи предвид дека Вице веќе има викендичка во Грција.

Преговорите ги следиме во живо, останете со нас за најновите информации од Њујорк.

Меки Муки

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top