Централниот регистар на Република Македонија ги потврди информациите на Svest.mk дека нивни претставници предводени од директорката Марија Бошковска Јанковски патувале во далечната африканска држава Боцвана на меѓународна конференција, јавува споменатиот портал.
Според соопштението лиферувано до јавноста откако беше објавено дека на патувањето дотаму се потрошени десетина илјади евра за пат и сместување, Централен регистар на Република Македонија потврди дека има своја екипа во Боцвана на конференција каде е преземено претседателството на „Светскиот корпоративен регистарски форум 2019“.
– Огромна чест и задоволство ни е да објавиме дека Република Македонија и Централниот регистар по работните сесии предвидени во агендата на CRF 2018 и по одржаното генерално собрание на извршниот комитет, го превзема претседателството на форумот за 2019 година. Во изминатиот период Централниот регистар напорно работеше на проектите кои ќе бидат главен мотив и мото за меѓународните претставници, а високата делегација, предводена од Директорот на Централен регистар под мотото-Трансформирање на регистрите во меѓународни провајдери, без граници, најави дека потребен ни е современ пристап кон потребите на бизнис секторот и граѓаните, проекти кои се доволно флексибилни за да им овозможат на корисниците едноставен пристап до новите услуги и да бидат во чекор со постоечките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст