| четврток, 6 декември 2018 |

Стоилов: Ако ние сме оние вистинските, нема да зависи ништо од нив

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов вели дека екипата е максимално подготвена за големиот предизвик во Келн и дека резултатите ќе зависат само од вардаровите ракометари, ако тие одиграат на највисоко ниво. Вардар е бранителот на трофејот во Лигата на шампионите, а три француски екипи ќе се обидат да го симнат од престолот.

– Минатата година беше поинаку, бевме првпат тука, а сега ја имаме таа шампионска тежина со нас. Мислам дека сме способни да се носиме со неа. Наше е да изиграме како што знаеме и да се обидеме повторно да освоиме. Штом си пласиран овде, значи нешто вредиш. Не е важно како си стигнал таму.

– Монпелје има страшна екипа, играат брз агресивен ракомет, стабилен тренер кој со години е таму и мислам дека им се склопи сето тоа за да дојдат овде оваа година. Меѓутоа повторно ќе речам, ако ние сме оние вистинските, нема да зависи ништо од нив, вели капитенот Стоилов.

Вардар и Монпелје полуфиналето го играат во сабота со почеток од 18 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top