Изработени се нови лепенки, со кои жителите на општина Центар ќе можат бесплатно да ги паркираат своите автомобили на отворените паркинзи во зона 1 и зона 2. (Повластената паркинг-карта, жителите на Општина Центар нема да можат да ја користат во 0 зона, на резидентните улици и паркиралишта, на јавните паркиралишта од затворен тип и во катната гаража „Судска палата“).
Во зависност од своите потреби, корисниците на услугите на ЈП ПОЦ можат да аплицираат за следниве паркинг-карти: ППК-ПКЖ (паркинг-карта за жител за Општина Центар, ППК-ПКСП (паркинг-карта за сопствен паркинг), ППК-ПКДС (паркинг-карта за деловен субјект), ППК-ПКДВ (паркинг-карта за вработени во деловен субјект), ППК-ПКЖС (паркинг-карта за жител на општина Центар со службено возило), ППК-ВПКС (привремена паркинг-карта за станари), ППК-ПКИ (паркинг-карта за инвалиди).
Аплицирањето за повластена паркинг карта ППК, се врши преку контакт центарот на ЈП ПОЦ на 072 251 251. По аплицирањето се склучува договор во траење од една година.
По ова жителите на Општина Центар добиваат налепница за автомобилот со која ќе бидат препознаени од паркинг службите на ЈП ПОЦ и ќе можат бесплатно да паркираат на сите отворени паркиралишта на ЈП ПОЦ во зона1 и зона2.
Доколку договорот кој корисникот го склучил со ЈП ПОЦ е истечен, потребно е да го продолжи, односно повторно да аплицира за нова картичка, односно за нова налепница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.