| четврток, 6 декември 2018 |

Административци со државни пари заминале на далечен пат во Боцвана

Повеќе високи функционери од државната администрација деновиве се на службено патување во африканската држава Боцвана.

Според информациите кои ги објави svest.mk од „свиркачи” во невладини организации кои вршат мониторинг на трошењето на владата престојот и патот до таму кој чини илјадници евра е платен од буџетот на РМ.

Никому не му е јасно зошто во далечната африканска земја заминале најмалку 6 македонски директори и началници кога се знае дека македонските институции своите главни приоритети ги бараат во соработка со европските институции во Брисел или други европски дестинации.

Македонската делегација во градот Габороне во Боцвана учествува на меѓународна конференција што секога година ја организира светската асоцијација на Централни Регистри.

Во Габороне во моментов се најмалку двајца вработени на Централниот регистер на Република Македонија и уште најмалку четворица други функционери за кои нема информации каде работат и во која функција се заминати.

Боцвана е држава во јужниот дел од африканскиот континент , се граничи со Јужноафриканската република, Намибија, Зимбабве и Замбија.

Екс директорот на Агенцијата за промоција на Туризмот Александар Донев пред неколку месеци под притисок на јавноста си даде оставка односно беше натеран од владата да ја напушти функцијата откако потроши над 200 илјади денари за авионски превоз до конференција во Аргентина каде што не оствари никаква посебна корист за Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top