| четврток, 6 декември 2018 |

Потресна исповед на Шерон Стоун: Таа кобна ноќ ги видов моите починати пријатели!

Шерон Стоун во 2001 година доживеала излив на крвта во мозокот и како што самата таа вели, таа кобна ноќ, отишла до рајот и назад.

Холивудската ѕвезда Шерон Стоун пред 17 години ја погледнала смртта во очи.

„Се чувствував како да сум умрела. Џиновскиот вртлог од бела светлина како да се спушти на мене и бум! Некако зачекорив во таа величествена бела светлина“, објаснува 58-годишната актерка.

Таа кобна ноќ, Стоун живеела во Сан Франциско со својот сопруг, новинарот Фил Бронстајн од кого се развела во 2003 година.

Кога доживеала мозочен удар, дури и после три дена отишла во болница. Овој несреќен настан ја натерал да забави со работата. Повторно учела да оди, да зборува и како што вели, се чувствувала како целата ДНК да и’ е променета.

Кога ја здогледала белата светлина, видела некои од своите стари пријатели кои биле починати.

„Се сретнав со стари пријатели кои ми беа навистина многу драги. Ова патување ме одведе на некои места таму горе. Но сето тоа се случи со голема брзина и за секунда повторно се вратив назад во своето тело“, се присетува актерката.

Тоа толку многу влијаело на неа, што веќе никогаш нема да биде иста. Повеќе не се плаши од смртта и сега верува дека тоа е прекрасно нешто и дека умирањето е подарок.

„Чувствувам дека Бог ме сочува со причина“, заклучила славната глумица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top