
По кралската свадба во која принцот Хари „рипна во тавче“, девојките веќе го одбраа новиот миленик од британското кралско семејство. Станува збор за 24-годишниот Луис Спенсер, кој им падна во очи на големата свадба во саботата, по што стана вистински хит на интернет.
– Нека ме спои некој со братучедот на Хари. Мислам дека сум спремна за брак!“ и „Ако било кој од моите пријатели го познава Луис Спенсер, нека ни договори состанок на слепо.“ Ова се само дел од коментарите на обожавателките, што навидум „мистериозниот“ роднина на младоженецот ги предизвика на Твитер. Инаку тој прошета опкружен со три елегантни дами и невозможно беше да остане незабележан.

Сега кога и двајцата браќа се официјално зафатени, се чини дека нивниот прв братучед ќе ја понесе титулата за најпосакуван ерген од британското кралско семејство. А, кој е всушност Луис Спенсер?
Во прашање е внукот на принцезата Дијана, односно син на брат ѝ Чарлс Спенсер. Toj e четврто дете на грофот и неговата прва сопруга – Викторија.

Најважната информација за припадничките на понежниот пол е дека според пишувањата на британскиот весник „Daily Mail“, Луис моментално е „среќно слободен“.
Верувале или не, жената која имала најголеми шанси да ѝ „клекне на колена“ е Ники Минаж. Се запознале во 2015 година и веднаш ја „запросил“, изразувајќи желба да му стане жена. Иако на шега, раперката не криела дека е почестена и воодушевена од гестот на шармерот Луис.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


