| четврток, 6 декември 2018 |

Камерите те снимиле како јадеш, ќе добиеш отказ: Вработена доживеала тортура на работа

Во белградската фирма „Кредитреформ“ вработените мораат на пишуваат извештај за секое нивно движење, да го забележат одењето во тоалет и отварањето на прозорец. Разговорот меѓу колегите е забранет, а доколку камерата сними некого како јаде на работа, добива предупредување пред отказ.

-Иако звучи како филм, вака изгледа работата во фирма во српската престолнина- раскажала Белграѓанката Драгана која после неколку месеци работа и бесмислелна тортура дала отказ.

-Да ги знаев тие правила, немаше ниту да почнам да работам -рекла Драгана.

-Прво ми беше необично доаѓањето на работа. Првиот ден стигнав во 10 до 8 часот, но веднаш ми беше кажано дека треба да дојдам половина час порано, иако работното време е од 8 часот. Следниот ден дојдов во 7.30 и тогаш сите седевме на масите и молчевме, бидејќи разговор меѓу вработените не е дозволен – рекла таа.

 

Веќе првите денови добила интерсно задолжение. Еден од газдите барал секој ден да пишува извештај за се што работи преку ден.

-Ми рече да го запишувам секое движење. На пример: станав да одам до тоалет, отворив прозорец-раскажала Драгана.

 

На бизарните ситуации им немало крај. Како што вели, на сите им било забрането да јадат во канцеларија.

-Тоа можевме да го правиме само надвор, без оглед дали надвор врне или паѓа снег, иако постоеше кујна на работа-вели таа.

-Заканата со отказ ми беше дадена поради јадење на работа. Ми рекоа дека камерите ме снимиле како јадам. Признавам, јадев кришум, додека сопствениците не беа на работа и кога сите вработени беа на своите работни места. Јадев тивко и брзо-се присетила Драгана.

Тогаш веќе не можела да ја издржи тортурата и дала отказ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top