| четврток, 6 декември 2018 |

Наркодилер фрлал со камења по полицајци кои го апселе

policija

Млад дилер на дрога од Гостивар бегал од полицајци фрлајќи камења по нив, но тоа не го спасило од апсење и кривична пријва за продавање наркотици.

Во соопштението на МВР се наведува дека вчера во 17.30 часот во Гостивар, на улица Никола Парапунов при вршење редовна работа на полицајци од ПС-Гостивар бил сопрен автомобил „форд“ со гостиварски регистарски ознаки  управуван од Б.Б. (27) и неговиот сопатник Б.С. (29), двајцата од Гостивар.

Полицајците забележале четири кесички со непозната тревкаста материја и нож на преклопување во возилото.  Б.С. се одалечил од автомобилот и почнал да фрла камења кон полицајците и да ги навредува. Лицата се приведени, се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top