| четврток, 6 декември 2018 |

Од куќа украдени златни монети вредни 8.000 евра

moneti

Непознат арамија украл вредни златни и сребрени монети вредни речиси 8.000 евра од куќа во Битола.

Според МВР, вчера во Битола непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба во куќата на В.Х. (80), од каде што одзел златни и сребрени монети, во вредност од 476.000 денари. Извршен е увид на местото на настанот, а се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top