
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот ТВ дуел со премиерот Зоран Заев рече дека судството е заробено повеќе од било кога. Според него, тоа е така бидејќи Заев пред неколку дена доби ослободителна пресуда за случајот Поткуп.
– Разговарам со граѓаните низ цела Македонија и она што тие граѓани ги прави несреќни е што гледаат дека, најмалку што може да забележат е сигурност во одлуките на судовите, односно судските одлуки. Повторно ќе кажам, ние имаме претседател на Владата, премиер на држава кој што ги претскажа пресудите на последните два случаи и токму тоа ги прави дополнително несигурни граѓаните во Република Македонија, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Притворен командир на шумска полиција за земање поткуп
-
Шестмесечен затвор за возач во општина Шуто Оризари за примање поткуп


