Темата за името на нашата држава е неизбежен дел од вечерашната ТВ дебата помеѓу лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски и премиерот Зоран Заев. Заев инсистираше Мицкоски да каже што има против варијантата Илинденска Македонија но лидерот на ВМРО – ДПМНЕ не одговори директно туку дека не прифаќа промена на уставот и уставното име .
Лидерот на опозицијата на ТВ Дуелот изјави дека за време на лидерската средба го молел премиерот да не излегува со изјава дека го прифаќа пакетот со Илинденска Македонија но тој не го послушал. Кога Мицкоски побара од Заев да каже дали тоа се случило на лидерската, тој рече дека Мицкоски не кажал ништо. На ова Мицкоски реагираше:
Господине Заев вие не само што лажете, туку сушите.
По ова Заев рече дека не се сеќава што му рекол Мицкоски но дека тој самиот одлучува каква изјава ќе даде пред граѓаните.
Политичките опоненти на прашањето за спорот со името останаа на своите ставови кои ги соопштија и по завршување на лидерската средба на која премиерот Зоран Заев го соопшти предлогот за името, Република Илинденска Македонија. Мицкоски и тогаш и вечерва на ТВ дуелот рече дека опозициската партија нема да прифати промена на името.
„Ние имаме егзибиционистички процес. Не оди на арно работава. Ќе го потсетам Заев дека кажа оти не треба решението да се бара во промена на Уставот. ВМРО-ДПМНЕ не може да поддржи промена на Устав и уставно име. Заев јавно говореше дека нема да бара решение во промена на Уставот. Не Заев сте го спасиле достоинството. Народот за една држава е најголем капитал, а вие го потценивте народот. На тој народ му требаат чесни политичари. Вие мислевте, но немавте решение и го урнисавте тоа што 25 години се градеше”, рече Мицкоски.
„Во Македонија по прашањето за спорот со името сме транспаренти. Пораката на Никола Димитров е да се има мудрост. Македонија нема алтернатива освен интеграциите во НАТО И ЕУ. Името Република Илинденска Македонија не го уништува идентитетот, туку го зајакнува. Лесно е да бидете против, туку треба да кажете што ако не се реши. НАТО значи стабилност и сигурност”, рече Заев.
Мицкоски дополни дека граѓаните очекуваат политики, решенија и проекти за подобар живот, а не капитулација и кажете дали донесовте живот или чемер и јад во нашата мила мајка Македонија, реплицираше Мицкоски. Тој дополни дека не е на квиз за да даде брз одговор, дека е сериозен човек и дека не зборува за нешто кога не му се познати деталите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


