| четврток, 6 декември 2018 |

Внимавајте: Фејсбук брише профили кои го правеле ова…

Фејсбук, по извештајот на интернет порталот „Motherboard“ отстранил голем број профили и страници кои огласувале и продавале броеви за социјално осигурување, адреси, броеви на телефони и наводни броеви на кредитни картички, објави Ројтерс.

„Постовите кои содржат информации за броеви за социјално осигурурвање или кредитни картички на Фејсбук не се дозволени и ние ги острануваме кога ќе удивиме дека постојат“, кажал портпаролот на најголемата светска социјална мрежа.

Фејсбук со години чувал украдени идентитети.

„Motherboard“ извести дека хакери се огласувале на приватни пораки на социјалната платформа и дека Фејсбук со години ги држел украдени тие идентитети.

По извештајот,акциите на Фејсбук паднаа за 3,8 отсто.

Како што пренесува Хин, по скандалот со британската фирма „ Cambridge Analytica“ која дошла до приватните податоци на милиони корисници на Фејсбук, технолошката компанија е под лупа поради заштита на корисниците.

извор: пинџур.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top