Вториот дел од ТВ дуелот меѓу премиерот Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ започна со прашања од надворешната политика.
Заев изјави дека Владата е транспарентна во преговорите, а предлогот Илинденска Македонија го унапредува идентитетот на граѓаните.
Транспарентни сме, гледаме само да не го нарушиме процесот. Решението Република Илинденска Македонија го гарантира идентитетот и достоинството. Република Илинденска Македонија не само што го сочувува, туку го унапредува. Не слушнав сериозни аргументи против тоа име. Идентитетот, јазикот останува. Не е лесно ова прашање и на Македонија и треба лидерство за да чекори напред”, изјави Заев.
Мицкоски реплицираше дека Заев претходно изјавил дека решението нема да го бара во уставните промени.
“ВМРО-ДПМНЕ не може да поддржи промена на Устав, нема мандат ни ВМРО ни СДСМ тоа да го направат. Заев кажуваше дека нема да преговара за Уставот на РМ. Заев за германски Шпигел изјави дека нема да го бара решението во промена на уставот. Вие Зоран сте го урнисале целиот процес на преговори. Не се водат преговори егзибиционистички”; изјави Мицкоски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст