| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски до Заев: Со вашите лекции по економија сигурно ќе паднам на испит

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната дебата на Македонската телевизија му порача на Зоран Заев дека дискутира на тема која што, не само што не ја познава туку и погрешни податоци кажува.

Ова следуваше откако тој не ја знаеше точно цената на електричната енергија, па Мицкоски му посочи на Заев дека не сака да му ја кажува неговата лекција по економија, бидејќи сигурно ќе падне на испит.

-Ако ова е лекцијата, ќе паднам на испит. Фала, не сакам. Господине Заев две грешки направивте. Ниту тогаш била 43, ниту сега е 38. А имате еден од најблиските соработници, можеше да ве подготви подобро за цената на електричната енергија. Најдобро знае тој и тогаш и сега, а таа е непроменета околу 41 производната цена и тогаш и сега бидејќи регулаторниот период трае една година. Така да, не е возможно да се промени, иако сега со овој еден ипол процент кој што барате, се обидувате пред граѓаните да кажете , а нема да ви дадат, нагласи Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top