| четврток, 6 декември 2018 |

Заев се збуни за непотизмот: Можеби некој со својот кум не се има

На вечерашниот дуел помеѓу лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски и Зоран Заев, премиерот се обиде да ги одбрани еклатантните примери на непотизам во владеењето на СДСМ. На обвинувањата на Мицкоски дека СДСМ спроведува непотизам, Заев според своето објаснување, не гледа проблем во тоа.

– Можеби некој со својот кум не се има. Тоа не значи дека не треба да работи. Сакаме да бидат транспарентни постапките и да видиме како е направен изборот. Зборуваме за три-четири илјади вработувања оваа година, кои што се пополнети едно педесет до шеесет проценти на испразнетите места во последната една година на власт, рече тој.

Мицкоски како примери за непотизам ги спомена: вработувањата на братот на градоначалничката на Битола, сопругата на градоначалникот на Берово, ангажирањето на кумашинот на Рашковски во Владата, синот на советникот на Грчев, ќерката на Талат Џафери и уште низа примери.

Имињата на роднините на високи функционери на СДСМ кружеа во медиумите изминатите година дена поради симптоматичноста на нивните вработувања во јавната администрација по доаѓањето на СДСМ на власт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top