| четврток, 6 декември 2018 |

Излажа ли Заев за удобноста на мерцедесот?!

Дали премиерот Зоран Заев навистина не се вози во мерцедесот C 600 за чија набавка денеска му се судеше на експремиерот Никола Груевски?! Вечерва во ТВ дебата Заев посочи дека не се вози во ова владино возило, иако во медиумите имаше снимки, кои докажуваат дека се возел, не бил сам, туку друштво му правела и Радмила Шекеринска.

Често кога ќе има посета на некој висок функционер од странство тој се превезува со ова возило за кое често од истиот премиер слушавме дека е непотребно, а сега гледаме дека се користи без исклучок.

Пример за користење на ова возило за високи гости е гостувањето на Генералниот секретар на НАТО Столтнбрг во Република Македонија, а подоцна и не многу одамна и при посетата на Тереза Меј премиерка на Велика Британија.

Се поставува едноставо прашање „доколку нема потреба од ова возило во државата, зошто премерот го користи, а го користи и за странски делегации, кога гостуваат во нашата држава?“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top