| четврток, 6 декември 2018 |

Синот на Грчев, ќерката на Џафери, роднини на градоначалници, сите ли беа вработени со конкурс?

– Синот на Мирослав Грчев, ќерката на Талат Џафери, сите беа вработени со конкурс? Роднини на градоначалничката на Битола, на Берово, неколкумина блиски роднини на директорката за Агенцијата на вработување, сите ли беа вработени со конкурс. Генералниот секретар на Владата со конкурс ли го ангажираше својот кумашин, го запраша лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски премиерот Заев кој говореше за непотизам.

Тој додава и дека Заев сонува и дека овие луѓе не се вработени преку конкурси, а Мицкоски е тука да му помогне на Заев бидејќи не е таква реалноста.

-Опкружени се со луѓе кои сакаат да ви кажат тоа што сакате да слушнете, но граѓаните за жал трпат. Ајде да направиме држава каде секој ќе може да напредува, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски говорејќи на оваа тема дополни дека треба да се изгради конкурентно општество, наместо да се вработуваат роднини и пријатели на ваши соработници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top