На самиот почеток на ТВ-дуелот помеѓу лидерите на двете најголеми политички партии, премиерот Зоран Заев од СДСМ и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беше поставено прашање во врска со ослободителната пресуда за „Поткуп“, односно пресудата во „Тенк“: Дали ова е порака дека правосудството тешко се ослободува од политичките стеги?
Заев на тоа одговори дека денеска, конечно, имаме отворени и јавни судски постапки, транспарентни, за да може сите да знаат како тече судењето. Македонија заслужува да добие отворена судска постапка, како најголем симболичен дел на ослободувањето на правосудството.
– Денеска во Македонија се зборува отворено за сè. Кадрите во правосудството треба реформите самите да ги започнат од себе. Реформите, со законите, правно ќе се средат. Правосудството во Македонија се води отворено, како што е постапката против мене и против експремиерот – рече Заев, додавајќи дека македонското правосудство е на добар пат.
Мицкоски на тоа потсети колку пати му е простен криминал на актуелниот премиер:
– Трипати Заев е помилуван, еднаш од Иванов, еднаш од СЈО и еднаш за „Поткуп“. Отсуство на транспарентност. Зошто не беа пуштени снимките од „Поткуп“ во јавност? Судството сега е позаробено од било кога претходно.
Мицкоски обвини дека Заев диктира кој ќе биде осуден, а кој ослободен во судските процеси.
Заев на тоа вели:
– Усвоена е стратегијата за имплементација на реформите во правосудството. Независноста на судството е задача на сите нас, а транспарентноста е клучна за тоа да се реализира.
Мицкоски пак, останува на тврдењето дека судството е заробено, дека граѓаните гледаат дека нема сигурност во одлуките на судовите.
– Премиерот ги претскажа пресудите на последните два случаи и тоа дополнително влева недоверба кај граѓаните. Тие ќе веруваа ако премиерот беше осуден. Граѓаните не се слепи и глуви. Тоа требаше да се случи за граѓаните да веруваат во судството. ВМРО-ДПМНЕ кога формира влада ќе обезбеди вистинско независно судство – додава Мицкоски.
Заев рече:
– Случајот против мене беше монтиран. Жалам што ВМРО-ДПМНЕ го нема сменето ставот за судството, за мене и за СЈО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст