
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, попладневно одржа средба со Вршителот на должност заменик-помошник државен секретар на САД, Метју Палмер. На средбата во кабинетот на премиерот, Вршителот на должност заменик-помошник државен секретар на САД, Палмер јасно ја реафирмираше поддршката на Вашингтон кон процесите кои ги реализира владата на земјава за интеграција во НАТО и во ЕУ.
Палмер на средбата ја повтори и искрената определба, како и поддршка на САД кон Република Македонија и кон Република Грција со цел да се реализира позитивен резултат од разговорите за спорот со името.
Премиерот Заев на средбата го истакна значењето на дипломатските чекори кои ги преземаат САД и европските сојузници и пријатели на Македонија и Грција во однос на конечно решение на спорот за името, особено во период кога дипломатските активности се интензивни и кога самиот преговарачки процес е во финална фаза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


