Експремиерот Никола Груевски не се појави на денешното рочиште во Кривичниот суд, каде се читаше пресудата за случајот „Тенк„, во кој тој се јавува како оден од обвинетите. Се крена прав каде е Груевски и зошто не бил во судницата заедно со адвокатите и поранешниот помошник министер Ѓоко Поповски кому му се суди за истиот случај. Неофицијално, тој на своите адвокати им кажал дека станува збор за политички монтиран случај со сосема извесен крај, во кој што било јасно дека актуелниот премиер Зоран Заев ќе биде ослободен од вина, а тој прогласен за виновен. Токму поради оваа причина тој побарал од адвокатите да го искористат законското право тој да не присуствува на изрекувањето на пресудата.
Низ јавноста веќе подолго време се зборува дека процесите кои СЈО ги води против поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски и останати функционери од ВМРО-ДПМНЕ, ќе добијат политички епилог, дека виновните ќе бидат прогласени за виновни, без разлика на тоа колку се цврсти доказите на одбраната во обратното.
Дека ќе биде осуден Груевски најави на 14-ти мај кога кажа дека постоеле најави и медиумски натписи во кои се тврдело дека Заев направил одреден договор со главниот судија во процесот за „Тенк“ и „Поткуп“, Добрила Кацарска.
-Дека тој нејзе ќе и овозможи да напредува, да стане судија на Апелациониот суд, а веднаш потоа и претседател на Апелациониот суд, а дека за возврат тој ќе биде прогласен за невин во случајот „Поткуп“, каде што има еклатантни докази, со ПИМ мерки, изјави Груевски.
Судот ја реализираше нарачаната пресуда со затворски казни за случајот „Тенк“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


