| четврток, 6 декември 2018 |

Во Македонија денеска ќе се носи пресуда за застарен случај- според европското право пресуда не смее да има

Имено, релативна застареност е периодот од онолку години колку што во законот е предвидена највисоката казна за делото за кое е обвинет обвинетиот, кој почнува од моментот на сторување на делото

Денеска во судскиот распоред е носење пресуда за случајот „Тенк“, случај во кој главен обвинет е поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски, случај во кој одбраната тврди дека има цврсти докази за невиноста на обвинетите, но и случај за кој според европските регулативи не може да има пресуда, случај кој има и релативна и апсолутна застареност.

Одбраната на Груевски во завршните зборови, како и во текот на целиот процес ги искажа сите аргументи зошто поранешниот премиер треба да биде прогласен за невин и да добие ослободителна пресуда, но споменаа и дека предметот е застарен, а застареноста е и релативна и апсолутна. Со самиот овој факт, законите велат дека пресуда не може да има.

Имено, релативна застареност е периодот од онолку години колку што во законот е предвидена највисоката казна за делото за кое е обвинет обвинетиот, кој почнува од моментот на сторување на делото.

Доколку во овој период не е покрената некаква обвинителна активност, тогаш не може да се покрене понатаму. Единствени како што кажаа адвокатите т.н. докази против Груевски се еден телефонски разговор од февруари 2012 година, каде наводно разговара со Гордана Јанкуловска. Инаку, судот одби да наложи вештачење на автентичноста и целовитоста на разговорот, бидејќи вештачење се прави на оригинална снимка, а СДСМ и СЈО имаат само копии. Во разговорот Јанкуловска го прашува Груевски дали ги видел проспектите, каде тогашниот премиер одговара дека ги видел и дека најинтересно е тоа на М. Тоа е единствениот доказ против Груевски, ако воопшто може да се нарече доказ.

Вториот разговор е во март пак меѓу Груевски и Јанкуловска, каде говорат за некоја набавка но не кажуваат дели е за возило или за пиштоли, или униформи, или хартија… За овој разговор, Заев кога ги пушташе во јавност разговорите сам даде вовед и контекст дека разговорот бил за Мерцедесот, иако никаде во разговорот нема дури ниту асоцијација дека станува збор за возило, па навистина изгледа чудно што тој разговор е прифатен како доказ.

Третиот разговор е во време кога Груевски не може да побара да се набави возило, бидејќи истото веќе е набавено и пристигнато во Скопје.

Три години после февруари и март 2015-та година, кога уште бомбата од Заев не е ниту пуштена во јавност, а СЈО не е ни формиран, веќе има релативна застареност. СЈО е формиран на 15-ти септември 2015-та година, а пак снимките ги презема од СДСМ дури на 30-ти декември истата година, а обвинителските активности почнуваат тек после тоа.

Од ова може да се сфати дека има јасна релативна застареност. СЈО на ова реагираше дека ова би важело доколку во меѓувреме не сторил други кривични дела, за кои има обвинение, бидејќи законот вели дека ако сторил други кривични дела во меѓувреме се прекинува релативната застареност.

Но, адвокатите на Груевски се повикаа на презумцијата на невиност и дадоа одговор до СЈО.

-Груевски нема правосилна пресуда дека сторил кривично дело, постапките се во тек и не може да се преудицира дека ќе биде прогласен за виновен, гласеше одговорот до СЈО.

Апсолутна застареност е ако во рок двојно подолг од максималната казна не завршил случајот правосилно. Тоа во овој случај е шест години, односно во февруари или март 2018-та година, што значи дека веќе неколку месеци има и апсолутна застареност.

Во завршните зборови на случајот со набавка на блиндирано возило адвокатката Сања Алексиќ нагласи дека покрај тоа што не постојат докази за делото, обвинението е застарено бидејќи се поминати повеќе од три години од самиот предмет.

Aдвокатката Сања Алексиќ

-Ќе зборувам и со јазикот на обвинителството и ќе тргнам од нивните тврдења па ќе истакнам дека со обвинителен предлог СЈО го терети обвинетиот Никола Груевски за кривично дело Примање награда за противзаконито влијание од чл 359 ст 2 од КЗ за кое е запретена казна затвор од една до три години. Од страна на обвинителството се доставија аудио материјали од незаконско следење на комуникации и со тонски запис од 26 февруари 2012 тагодина обвинителството тврди дека обвинетиот во разговор со женска особа бара набавка на возило на буквата М од каде прејудицира дека истиот побарал да се купи ново блиндирано ПМВ од марката Мерцедес. Согласно чл 30 од КЗ кривичното дело е сторено во време кога сторителот работел или бил должен да работи без оглед кога настапила последицата. Согласно чл 107 ст 1 т 5 од КЗ застареноста за гонење на предметното кривично дело настапува со протек на три години од извршување на кривичното дело. Согласно чл 108 ст 6 од КЗ застареноста на кривично гонење настапува во секој случај кога ќе помине два пати онолку време колку што според закон се бара за застареноста на кривичното гонење, изјави адвокатката Алексиќ.

-Оттука со оглед дека е поминато повеќе од шест години од моментот за кој обвинителот тврди дека обвинетиот Никола Груевски го сторил кривичното дело кое му се става на товар евидентно е дека по вака презентираното обвинение настапила апсолутна застареност на кривичното гонење, додаде Алексиќ.

Адвокатскиот тим на Груевски најмногу време потроши да го убеди судот да донесе пресуда каде поранешниот премиер ќе се прогласи за невин. Тоа е од причина што ако судот оди на застареноста, тогаш кај дел од јавноста може да остане сомнеж дека сепак Груевски сторил кривично дело, но заради застареноста не одговарал.

Имено, покрај застареноста на случајот, за која очигледно судот прави преседан и не ја почитува, и новиот Закон за судови налага ослободителна пресуда за Груевски во случајот „Тенк“ на СЈО.

Адвокатот на поранешниот премиер, Боро Тасевски вчера ја потсети судијката Кацарска за новите измени и дополнувања на законот за судови при нејзината одлука за „Тенк“.

Адвокатот на поранешниот премиер Боро Тасевски

Адвокатот на поранешниот премиер Никола Груевски, Боро Тасевски вчера ја потсети судијката Кацарска за новите измени и дополнувања на законот за судовите при нејзината одлука во Тенк.

-Соочени сме со докази на СЈО со кои се кршат меѓународни стандарди за човекови права на слободи. Материјалите произлезени од незаконското следење на комуникации СЈО ги добивал од политичкиот опонент на обвинетите- СДСМ. Сопственикот на странската подружница Еос Консалтинг која го вршела вештачењето, а и вештаците се исто така од политичката партија СДСМ. ЦД-еата со разговорите не се во оригинална форма, па одбраната беше оневозможена со свој технички советник да ја провери нивната автентичност. Според Европскиот суд за човекови права доколку нема неутралност на вештачењето, се загрозува правото на еднаквоста на оружјата. Повредено е и правото на одбраната да учествува во вештачењето и да користи свој технички советник. Европскиот суд за човекови права вели дека доказите не се објективни доколку во вештачењето не е присутна одбраната. Во оваа постапка повредени се Уставот на РМ како и многу членови од Европската конвенција за човекови права затоа сметам дека единствена правична одлука на судот е ослободителна одлука, потенцира Тасевски.

Тој го поздравува стапувањето на сила на Законот за измена и дополнување на законот за судовите според кои судот е должен да ги земе во предвид и да посвети посебно внимание на праксата на Европскиот суд за човекови права и ставовите изразени во конечните пресуди, особено имајќи ги во предвид одредбите од Законот за измена и дополнување на законот за судови.

Груевски во завршен збор наведе дека овие судски процеси се класично политички и ова судење е дел од една политичка хајка против него и неговите соработници.

– Овој фабрикуван предмет во кој нема никакви докази против мене се одвиваше многу брзо. Во него сум обвинет за тоа што сум сакал да се возам со кола. Не сум искористувал положба и влијание врз некој за јас да добијам некаква корист. Не сум барал набавка на луксузно возило и незаконско фаворизирање на Мак Ауто Стар и не сум барал да нема конкуренција во набавката. Никогаш наведеното возило не ми било дадено исклучиво на мое користење, рече Груевски.

Посочи дека барањето за набавка на ново блиндирано возило доаѓало од укажувањата на сите засегнати и запознаени професионалци со состојбата и условите на безбедносните возила кои ги поседувала Република Македонија.

На 14-ти мај, поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски кажа дека постоеле најави и медиумски натписи во кои се тврдело дека Заев направил одреден договор со главниот судија во процесот за „Тенк“ и „Поткуп“, Добрила Кацарска.

Дека тој нејзе ќе и овозможи да напредува, да стане судија на Апелациониот суд, а веднаш потоа и претседател на Апелациониот суд, а дека за возврат тој ќе биде прогласен за невин во случајот „Поткуп“, каде што има еклатантни докази, со ПИМ мерки, изјави Груевски.

Груевски кажа дека договорот е и Груевски да биде осуден.

-Неговата скандалозна изјава ја зацврстува основата на претходните јавни пишувања на одредени медиуми дека Заев има непринципиелен, незаконски договор со судот, договор со кој тој ќе биде прогласен за невин, јас за виновен, а за возврат тој да овозможи преку политички притисоци, преку политички очигледно прашања да овозможи напредок на одредени судии кој што ги судат и мојот предмет и предмет „Поткуп“. Тоа покажува дека станува збор за еден чист политички предмет, еден чист политички прогон кој што се случува во Република Македонија, темиран во време кога треба да се донесат клучни одлуки по прашањето за името на Република Македонија и интенцијата за промена на уставното име, а се поочигледно и менување на Уставот на Република Македонија, изјави Груевски.

Тој напомена што не е случајно што токму сега се забрза и неговиот случај, како и случајот каде тој е обвинет, овој месец Груевски на судот за овој спор беше повеќе од пет пати, што според него не е нормално.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top