| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка во Унгарија, сите починати се Романци

Во тешка сообраќајна несреќа во Унгарија, во судар помеѓу автобус и камион, загинаа девет романски државјани.

Министерството за надворешни работи на Унгарија соопшти дека несреќата се случила вчера на 60 километри југоисточно од Будимпешта, кога возачот преминал во спротивната лента и се судрил со камион.

Во автобусот имало седум мажи и две жени и сите загинале.

Локалните медиуми објавија видео на кое се гледа диркетниот судар помеѓу автобусот и камионот, но автентичноста на видеото не е потврдена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top