| четврток, 6 декември 2018 |

Основиот суд Скопје забарикадиран со метални огради

Од синоќа пред Основниот суд Скопје 1 почна да се поставуваат метални огради. На социјалните мрежи од вчера кружат повици за протести пред судот.

Денеска треба да биде прочитана пресудата за поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Тенк”.

Поранешниот премиер Никола Груевски денес ќе ја чуе првата пресуда за постапките на СЈО, на Основниот суд Скопје 1 за случајот „Тенк” во кој заедно со поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски им се суди за набавката на луксузниот мерцедес. Овој предмет го суди судијката Добрила Кацарска која вчера веќе му изрече затворска казна од 9 години и мерка притвор на Поповски за случајот “Триста” за злоупотреба на службената положба и овластување.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top