Говорејќи за грчкото радио „Алфа“, шефот на Независни Грци и министер за одбрана, Панос Каменос, оцени дека „разговорите со посредство на Обединетите нации неизбежно ќе стигнат до ќор-сокак“, бидејќи, како што вели тој, инсистирањето на Грција, Македонија да го смени својот Устав, за отстранување на одредени клаузули, никогаш нема да помине низ парламентот во Скопје и можело да предизвика предвремени избори во земјата.
Каменос, додаде дека неговиот дел од десничарските националисти “никогаш нема да гласаат за име што го содржи терминот “Македонија”, без разлика во кој контекст “.
Неговата изјава фрла песимизам за тековната фаза на разговорите.
Иако Каменос за време на преговорите меѓу Заев и Ципрас се дистанцираше од коментари, велејќи дека неговата партија нема да стори ништо што би го загрозило текот на преговорите, предлогот „Република Илинденска Македонија“ беше одбиен од сите главни опозициски партии во Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Каменос ја почна партиската конвенција со „Калашников“ (видео)
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот
-
Каменос: Договорот за името нема да биде ратификуван


