Делат ли правда во државата роднини на судии и пријатели на специјалните обвинителки?! Во пресрет на пресудата за случајот „Тенк“, братот на судијката Оља Ристова, Боби Илиевски, веќе почна да наговестува каква пресуда се крои за експремиерот Никола Груевски. Со својот потег Илиевски на некој начин само даде потврда за она кое веќе се зборува во јавноста – дека процесите кои се водат против функционерите од поранешната власт на ВМРО-ДПМНЕ зад себе имаат длабока политичка позадина.
Имено, Боби Илиевски, братот на судијката Ристова, а воедно и пријател на обвинителката Ленче Ристовска, на Фејсбук објавува постови во кои наведува кој од обвинетите во случаите на СЈО, каква казна ќе добие.
-До 3 години затвор за Н.Г., Ѓоко Поповски одговорниот за набавка на мерцедесот, може да добие над 6 години. П.С. Сега ги чекам бранителите на Н.Г и фамилијата кои тврдат дека е невин и нема да биде осуден. Ајде бранители на Н.Г. јавете се со име и презиме, пишува во еден статус во текот на вчерашниот ден Илиевски.
Во текот на денешниот ден осуден е Ѓоко Поповски на 9 години затвор.
-НГ ќе биде осуден. Тип: 1:1 и 3+ – пишува во друг пост тој.
-Во пресрет на првата затворска казна Н.Г. – пишува Илиевски на фејсбук.
-Ги молам сите тролови кои тврдат дека Н.Г. ќе остане невин да се воздржат од тролање до 23-ти мај – стои на профилот на братот на судијката.
Неколку дена пред завршните зборови Илиевски објави свои пресметки за кое дело колкава казна ќе добие Груевски и кога, како што пишува, ќе останел на слобода.
Судијката Ристова, која е сестра на Илиевски, е судијката која прва бараше нелегално стекнатите разговори да се прифатат како докази во судот, иако тоа според сите европски и светски регулативи е противзаконски. Таа е блиска пријателка со една од трите главни обвинителки во СЈО, Ленче Ристовска. Нивна заедничка фотографија е постирана на социјалните мрежи, како и фотографија од Илиевски со обвинителката.
Пред една недела, на 14-ти мај, поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски кажа дека постоеле најави и медиумски натписи во кои се тврдело дека Заев направил одреден договор со главниот судија во процесот за „Тенк“ и „Поткуп“, Добрила Кацарска.
-Дека тој нејзе ќе и овозможи да напредува, да стане судија на Апелациониот суд, а веднаш потоа и претседател на Апелациониот суд, а дека за возврат тој ќе биде прогласен за невин во случајот „Поткуп“, каде што има еклатантни докази, со ПИМ мерки, изјави Груевски.
Груевски кажа дека договорот е и тој да биде осуден.
–Неговата скандалозна изјава ја зацврстува основата на претходните јавни пишувања на одредени медиуми дека Заев има непринципиелен, незаконски договор со судот, договор со кој тој ќе биде прогласен за невин, јас за виновен, а за возврат тој да овозможи преку политички притисоци, преку политички очигледно прашања да овозможи напредок на одредени судии кој што ги судат и мојот предмет и предмет „Поткуп“. Тоа покажува дека станува збор за еден чист политички предмет, еден чист политички прогон кој што се случува во Република Македонија, темиран во време кога треба да се донесат клучни одлуки по прашањето за името на Република Македонија и интенцијата за промена на уставното име, а се поочигледно и менување на Уставот на Република Македонија, изјави Груевски.
Тој напомена што не е случајно што токму сега се забрза и неговиот случај, како и случајот каде тој е обвинет, овој месец Груевски на судот за овој спор беше повеќе од пет пати, што според него не е нормално.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст