Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон после 17 години одлучи да го напушти Јувентус, но се чини дека Италијанецот се уште не е подготвен за пензија. Како што пренесуваат италијанските медиуми, 40-годишниот Буфон би можел наскоро да ја засили екипата на француски ПСЖ.
Наводно, парижаните му понудиле договор на Буфон на две сезони и годишна плата од осум милиони евра, со клаузула после една сезона да може да го напушти клубот. Буфон за италијанските медиуми изјави дека се ќе знае за една седмица.
– ПСЖ? Потребни ми се седум дена да се смирам и да анализирам се. Тоа не се едноставни избори. Кога имате 40 години, не можете во истиот момент да носите такви одлуки. Ќе видиме што ќе се случи, изјави Џанлуиџи Буфон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст