| четврток, 6 декември 2018 |

Поповски од суд заминува во затвор – судот му одреди притвор

Судот му одреди притвор на Ѓоко Поповски, поранешниот помошник министер во МВР, кој денеска беше осуден на 9 години затвор, како обвинет во случајот Триста на СЈО. Со ова Поповски денеска ќе биде спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари.

По изрекувањето на пресудата обвинителката Фатиме Фетаи побара обвинетиот да оди во притвор, како што рече поради висината на досудената казна, но и сумата од 27 милиони денари кои треба да ги плати како отштета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top