Новиот македонски фудбалски шампион, екипата на тетовска Шкендија направила голем инцидент во неделата при прославата на титулата на својот стадион по мечот со Пелистер, јавува Sport1.мк.
И покрај тоа што е ред како и во сите случаи досега, фудбалерите да застанат зад сценографија на која пишува „победници на македонска Прва лига“, тетовци одбиле да го направат тоа, на луѓето од ФФМ не им дозволиле да ја постават сценографијата и решиле да си извадат своја на која пишува „Champions“, со логото на клубот и на нивниот спонзор.
Претходно во целата комуникација со ФФМ, луѓето од управата на Шкендија гарантирале дека нема да има никакви проблеми, дека сѐ ќе биде според договореното. Но, на денот на одигрувањето на последниот првенствен меч сезонава – решиле да пеат друга песна…
Завчера на градскиот стадион во Тетово ништо не наликуваше дека се прогласува шампион на Македонија, јавува споменатиот портал. На стадионот немаше ниту едно македонско знаме, на публиката ѝ беа делени илјадници албански знамиња, навивачите постојано скандираа националистички песни, навредуваа сѐ што е македонско. Дали случајно или не, и делегатот, кој треба да го нотира сето ова во записникот, и комесарот за безбедност пратен од ФФМ – беа етнички Албанци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст