| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка вчера во скопско: Со џип паднале во одводен канал, две лица починале на лице место

Вчера во периодот од 01.00 до 06.00 часот на локалниот пат пат с. Миладиновци- с. Кадино, патничко возило „Џип Гранд Чироки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(72) од с. Долно Лисиче, излеглo надвор од коловозот и падналo на покривот во одводен канал.

Притоа, од здобиените повреди на местото на настанот починале З.Д. и сопатничката С.Д. (68) од Скопје. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top