| четврток, 6 декември 2018 |

Наградата „Даница Ручигај“ за поетесата Мирјана Тренчева

„Патот за Итака“ од Мирјана Тренчева е победник на конкурсот за најдобра поетска книга напишана од писателка која членува во Друштвото на писатели на Македонија и објавена во текот на изминатата година (од мај 2017 до крајот на април 2018).

Во образложението на селекторката Билјана Станковска се истакнува дека меѓу кориците на оваа книга „поезијата е на високо естетско рамниште, со длабока емоционална осмисленост, со уметнички обликувани идеи и исклучителни метафори“.

Наградата се состои од плакета и ќе биде врачена на книжевната манифестација „Празник на липите“, која ќе се одржи во Друштвото на писатели на Македонија кон крајот на месец јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top