Дванаесет илјади евра е сумата која стумичанецот Митко Ѓорѓиев ја има позајмено од братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев, се со цел опстанок на неговиот бизнис со туризам. Како што раскажува тој, Вице прво му ги дал парите за подоцна, после една недела, да склучат договор со штедилницата Пеон која е во сопственост на фамилијата на Заеви и каде како гаранција го дал својот стан.
Неговите проблеми почнуваат после извесно време откако на вратата му се појавува извршител со цел наплата на долгот. Ова од семејството Заеви му било кажано експлицитно дека е последица на различно политичко мислење, вели Ѓорѓиев во емисијата Блиц на Алфа ТВ.
Ѓорѓиев вели дека после целата оваа ситуација ги има вратено сите пари и 4 години немало ни трага ни глас од Вице Заев, ниту пак од неговата штедилница.
Голготата на Ѓорѓиев не завршува тука. Поради тешка болест на член на неговото семејство побарал од Вице Заев да му ја ослободи хипотеката на станот се со цел да да го плати болничките трошоци.
– Иако вратен кредитот, јас се почудив кога Вице Заев ми пресметал и ми дава лист на кој ми бара да му платам уште 20 илјади евра. По закон за народна банка јас ги вратив парите. Иако тој ја знаеше мојата фамилијарна положба дека парите ми требаат за лекување тој ми побара уште 20 илјади евра. вели Ѓорѓиев.
Ова според Ѓорѓиев е класичен рекет и лихварство. Од документите кои ги има Ѓорѓиев јасно се гледа дека за заем од 12 илјади евра, Вице Заев му бара да врати над 40 илјади евра иако Ѓорѓиев има вратено 24 илјади евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст