| четврток, 6 декември 2018 |

Заедничка одлука по состанокот со раководството: Алегри останува на чело на Јувентус

Италијалнскиот тренер, Масимилијано Алегри се согласил да продолжи на клупата на Јувентус и ги презентирал плановите за иднината на клубот по состанокот со бордот на италијанскиот шампион.

50-годишниот Алегри беше поврзуван со преселба во Арсенал и Челси, но сега е јасно дека останува во Торино по состанокот со директорот на клубот, Бепе Марота. Од неговото именување, Јуве освои четири титули од Серија А, четири од Копа Италија, а играше и во финалињата на Лигата на шампиони во 2015 и 2017 година.

Алегри веќе има договор до 2020 година, така што во планот е да се продолжи со успехот во Италија, но и да се оди на напад на Лигата на шампиони, која Јувентус ја нема освоено од 1996 година. Првото засилување на Алегри ќе биде германскиот интернационалец Емре Џан од Ливерпул.

– Треба искрено да ги гледаме работите и да ја процениме нашата ситуација. Да ги намалиме грешките и да работиме кон целта и постојано да го подобруваме тимот, изјави Алегри.

Италијанските медиуми пишуваат дека на состанокот на кој било договорено да се продолжи со соработката со Алегри, раководството на клубот се согласило со тренерот дека на Јуве ќе му бидат потребни неколку засилувања, земајќи го в предвид фактот што дефинитивно летово си заминуваат Буфон, Лихтштајнер, Асамоа, а иднината на Манџукиќ и Кедира се уште е неизвесна. Имињата кои се сопемнуваат како потенцијални трансфер мети на Јувентус се Рабио, Лукас Дињ, Дармиан и Белерин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top