| четврток, 6 декември 2018 |

Маскирани напаѓачи во Марсеј пукале со „калашникови“

Едно лице е полесно рането откако група маскирани луѓе отвориле оган врз минувачи во градот Марсеј, наведуваат француски медиуми.

Инцидентот се случил околу 18 часот попладнево, по локално време. Наводно, напаѓачите со автомобил дошле до еден од квартовите во Марсеј и почнале да пукаат кон група млади луѓе кои во моментот се движеле по улицата.

Градот е целосно блокиран, а уште нема официјална потврда дали се работи за изолиран инцидент или за дел од планиран терористички напад.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top