| четврток, 6 декември 2018 |

На овој човек платата му е 291 милион долари, со што се занимава?

Ван Лонг е најплатен извршен директор во Хонг Конг. Тој е шеф на компанија за производство на свинско месо.

Овој човек успеал скромната државна фабрика да ја претвори во светска компанија и најголем производител на свинско месо.

Тој управува со “WH Group Ltd.”, а во меѓувреме стекнал и големо богатство, додека неговата годишна плата изнесува 291 милиони долари.

Но, приходите кои тој ги има не се случајност, затоа што од 2013 до 2017 година добил најмалку 759 милиони долари во плати и во акции.

“WH Group” ширум светот купила многу мали фабрики.

Оваа компанија има пазарна вредност од 15 милијарди долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top