Вкупно 14 земји собрани во Групата од Лима објавија дека ги повлекуваат своите амбасадори од Венецуела. Тоа го сторија бидејќи Николас Мадуро е повторно избран за претседател на државата чиј легитимитет на таа земја не го признаваат.
Групата која ги вклучува Аргентина, Бразил, Канада, Чиле, Колумбија и Мексико објави дека го спушта нивото на своите дипломатски односи со Венецуела поради протест на изборите кои не се во согласност со меѓународните норми на изборна регулатива, транспарентен и демократски.
На изборите кои беа одржани вчера, а кои ги критикуваше меѓународната заедница и кои опозицијата ги смета за наместени, Мандуро е избран за нов шестгодишен мандат со 68 отсто од гласовите.
Групата од Лима ја повтори загриженоста поради политичката, економската, социјалната и хуманитарната криза која го отежнува животот во Венецуела и се одразува со масовна миграција на жителите на Венецуела кон нивните земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


